Намалете ги вибрациите со примена на CoroTurn SL! Внатрешното стругање секогаш е проблематично, баш поради појавата на вибрациите. Различните алати од оваа програма, со примена на различни резни параметри, овозможуваат да се надминат проблематичните појави кај внатрешното стругање.
Нудиме вистински избор на алати и системи на стегање на алати, кои заедно со нашето "knowhow" ќе ги минимизира вашите проблеми и ќе ја зголеми продуктивноста.
Како да се намалат вибрациите кај внатрешното стругање
CoroTurn® SL со брза изменлива функција, за долги внатрешни стругања, без вибрации.
За далбоки дупчења, каде обавезно се јавуваат вибрации, го нудиме CoroTurn SL антивибрационен Silent Tools држач со пречници од 80 до 250 mm (600 mm посебна понуда) за длабини од 10 x пречникот на држач. Држачите од тврд метал пак, овозможуваат внатрешно стругање до длабини од 14 x пречникот на држачот.
Цената се намалува со користење на Coro Turn SL 80 mm глави, кои може да се комбинираат со сите големини на држачи, вклучувајќи ги CoroTurn RC, CoroTurn 107 и T - MAX U - Lock. Исто така е достапен CoroTurn SL адаптер кој е опремен со 40 mm SL спојка, кој на пример може да се користи со CoroCut SL ножеви или сите SL резни глави.
CoroTurn 111
За оптимизација на внатрешното стругање. Резултира со мали резни сили кога се потребни долги алати.
CoroTurn 107
Прв избор за внатрешно стругање на мали и средни отвори почнувајќи од 6 mm.
T-Max P
Внатрешно стругање на отвори, почнувајќи од 20 mm, со кратки алати и стабилни услови за работа.
CoroTurn XS
Внатрешно стругање на многу мали отвори, почнувајќи од 0.3 mm.
CoroCut MB
Внатрешно стругање на многу мали отвори, почнувајќи од 10 mm.
За отсекување ја препорачуваме геометријата на CoroCut системот. Оваа геометрија е конструирана да создава кратка струшка при отсекување или при нажлебување, што овозможува одлична контрола на истата. Геометриите се конструрани за големи (CR), средни (CM) и мали помести (CF). За екстремно мали помести и ниски резни сили ја нудиме CS геометријата.
- грубо стругање
- обработка на тркала во железница
- и тешка обработка
Трите области имаат екстремно високи потреби за оптимизација на геометријата и степенот на режењето, како и за системот на стегање на резните елементи. Многу често се укажува потреба од длабоки резни зафати и високи резни брзини, кои треба да се применат во различни и неочекувани материјали. За вакви потреби е развиена оваа програма на резен алат.
Применете го напредокот и зголемете ја продуктивноста со примена на овие алати и со користење на нашето знаење и искуство - know - how. Ние ќе бидеме вашиот партнер при користење на овој алат.
Групото лупење (Bar peeling) е метод под кој се подразбира стругање на кородирани површини, површински лункери и неправилности и слично. Големината на ваквите површини може да биде од 4 до 400 mm во пречник. Bar peeling се користи и кај валани профили.
Најчести материјали кај кои се применува овој вид тешка обработка се јагленородни челици, челици за пружини и аустенитни и нерѓосувачки челици. Овој метод може да се користи и кај челици отпорни на температури, титаниум, алуминиум и ураниум.
Во споредба со конвенционалното стругање, грубото лупење се одликува со висока продуктивност и ниска производна цена, како резултат на краткото време за изработка и трајност на резните рабови. Квалитетот на обработената површина и толеранциите на мерите се во ранг на високите барања.
Новиот GC4225
Овој вид на плочка е најновата генерација на плочки наменета за грубо и фино стругање како и за обработка на мали делови.
GC4205 - надежен избор за стругање со голема струшка.
Најнова плочка за стругање
GC4215 - зголемена продуктивнсот со сигурни перформанси
Геометрија и квалитет на плочка кој нема да откаже
GC4225 - прв избор за општо стругање на челик
Повеќенаменската и оптимизирана плочка
GC4235 - најиздржлив во фамилијата
Проблематични стругања во најголем број случаи
Сисетмот на алати за стругање на тркала за возови опфаќа држачи и изменливи тангенцијални плочки. Овие плочки се отпорни на абење и напрегања при долги стругања каде се јавува висока температура.
Во зависност од барањата и конфигурацијата на различните тркала се појавува потреба од стругање како во еден премин така и во повеќе премини. Во зависност од изборот на методот развиена е програма од повеќе вида резни плочки.
Нова плочка GC4225
Оваа плочка е прв избор за грубо и фино стругање, отсекување и нажлебување.
Сандвик Coromant’s T-Max P систем се користи за надворешна обработка со стругање и тоа за фина и груба обработка. Производната програма опфаќа резни плочки за сите видови обработки во сите видови материјали.
T-Max P плочки одговараат на ISO стандардите и имаат негативна резна геометрија, што се одликува со стабилни и силни резни рабови. Нудиме и позитивна кружна геометрија RCMT која се користи кај T-Max P држачи.
Со големо намалување на производната цена и зголемување на продуктивноста со стругањето на тврдите површини, брусењето не е повеќе широко прифатлива постапка за добивање фини и полирани површини.
Препознавајќи го наведениот тренд развивме голем број на резни плочки за обработка на тврди материјали и добивање полирани површини.
Нестабилни услови и испрекинат рез не е веќе проблем за CB7025
CB7025 е одлично решени за захтевни режења во тврдите материјали. Недостижен избор при испрекинати резови при што дава обработки со врвен кавлитет кај калени челици.
CB7025 нуди неспоредливи перформанси кај нестабилни состојби на режење и со зголемена стабилност и надежност на процесот, а благодарение на намената на плочката и сигурната Safe-Lok конструкција
Скрати го времето за обработка на тврдите материјали со Кубични Бор Нитридни плочки CB7015
Се прави голема заштеда кога брусењето ќе се замени со стругање на тврди материјали.
CB7015 покажува одлична способност на симнување на струшка при големи резни далбини. Единствената Safe-Lok изведба гарантира висока надежност на операцијата.
Како да се успее во обработката на тврдите материјали
Стругање наспроти брусење
Стругање наместо брусење на тврди материјали дава повеќе предности.
Допир во точка со методот на стругање овозможува прецизно и полесно следење на контурата со што се избегнува примена на сложени специјални брусни камења. Едноставно кажано, со стругањето се изведуваат голем број операции со различни форми, со само еден алат.
Одличниот резултат на обработката како и избегнување на опасноста од оштетување на материјалот е уште една предност на стругањето.
Со стругањето на тврдите материјали намалена е цената на алатот, се зголемува контролата на квалитетот на обработката и се зголемува проудктивноста.
Заштедете те го драгоценото машинско време со нашиот, нов QS стезен систем. Брзоизменливиот систем на држачи е конструиран така да го максимизира ефективното производно време, кое најчесто е намалено поради непродуктивното време при измена и поставување на алатите.
QS за лизгачки глави за ножеви
QS системот на стегање е единствена комбинација на држачи на алат, клинови и граничници кои се конструирани да го зголемат производното, а да го намалат подготвителното завршно време.
Новите CoroTurn XS адаптери
Со дополнителни двострани тенки тетиви се компатибилни со главите со лизгачки стезен систем
CoroTurn TR за обработка на мали делови
Ова е систем кој се применува кај захтевни стругарски операции, особено кај делови со мали димензии.
GC1105 - максимално остра
За прецизни, точни и квалитетни завршни обработки, кога се стругаат нерѓосувачки и легирани челици отпорни на високи температури.
Гарантирана прецизна обработка - VCEX плочки
Овие плочки со остри рабови нудат одлично стругање и се наменети за долги стругања, каде е потребна висока стабилност и отпорност на плочката.